Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС – Велес во соработка со Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, за потребите на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, кој е кофинансиран од Европската комисија во рамките на Кампања 4 на Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR): унапредување на еднаквоста, толеранцијата и мирот и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), распишува конкурс за прием на eден локален координатор, со работно време од 80% работни часови месечно, до завршување на проектот.
Предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:
1. стекнато најмалку средно образование;
2. солидно познавање и искуство во НВО секторот;
3. високо искуство во пишување и водење на проекти;
4. познавање на англискиот јазик;
5. познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Intenret);
6. независност во работењето и одлучувањето;
7. добри комуникациски, организациони и менаџерски способности;
8. подготвеност за тимска работа;
9. пожелно искуство во подучување и работа со етнички заедници.
Работните обврски на координаторот опфаќаат:
• Одговорен/а е за непосредно и квалитетно спроведување на активностите предвидени со проектот;
• Организирање семинари и средби за целните групи на проектот (програмската компонента и координација на организацискиот и логистички дел);
• Го обезбедува постојаниот проток на информации во проектната канцеларија во ФИООМ;
• Одговара за квалитетот на реализираните активности;
• Спроведување на активности предвидени со проектот;
• Изготвување извештаи од реализирани посети, средби и реализирани активности;
• Одговара за квалитетот на реализираните активности пред менаџерот на проектот;
• Комуникација, соработка и поддршка на локалните невладини организации;
• Соработка со локалната самоуправа, јавните институции и медиумите;
• Подготвување извештаи за работата;
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават своите пријави кои вклучуваат:
- Писмо за мотивација и
- Curriculum Vitae (работна биографија)
Ве молиме назначете Ваш телефон за контакт и точна поштенска адреса.
Своите пријави доставете ги најдоцна до 25 јануари 2008 година (петок) по е-маил на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта на адреса:
Фондација за локален развој и демократија ФОКУС, Велес
ул: Трајко Панов бр.22
1400 Велес
(со назнака: за конкурсот)
Ве молиме без телефонски јавувања. Селектираните кандидати дополнително ќе бидат повикани на интервју. Избраниот/та кандидат-ка ќе треба да биде во можност да отпочне со работа веднаш.