Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес, во соработка со општина Велес, а поддржана од Здружението на поранешни волонтери на Мировниот корпус „Пријатели на Македонија“ и Младинскиот образовен форум, по повод одбележувањето на 8 Октомври – Ден за намалување на уништување на природата, ја отпочна кампањата „Зачувај, не уништувај“. Целта на кампањата е зголемување на моралната обврска и одговорност на граѓаните во општината, особено младите, да покажат порационално и добро однесување и постапување со урбана опрема што е наменета и за нив.
Кампањата ќе се одвива на сите места во градот каде што има поставено урбана опрема, пред се местата за рекерација и забава на децата. Сите граѓани, без никаков исклучок се поканети да учествуваат во оваа кампања.