Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 25.11.2011 година во ООУ ,,Рајко Жинзифов,, во село Горно Оризари беше промовирана кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. На барање на претпоставените од училиштето, координаторот на младинскиот клуб ,,Фокус,, Дејан Ристов ја промовираше кампањата пред повеќе од триесетина ученици. Покрај презентацијата беше поделен и промотивен материјал од кампањата.

 

Главната цел на кампањата е да се зголеми моралната обврска и одговорност на граѓаните, а пред се младите кон урбаната опрема.
Во соработка со општина Чашка и ООУ ,,Лирија,, од Горно Јаболшиште промотивен материјал беше поделен и во училиштето со цел да се прати апел за сочувување на неодамна поставената урбана опрема во училишниот двор.