Во детските забавни паркови ,,Дизни,, и ,,Тунел,, се спроведе акцијата од кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. Градоначалникот и дел од администрацијата на општина Велес, како и волонтери од извиднички одред ,,Димитар Влахов,, учениците од основните училишта Васил Главинов и ЈХК Џинот, Детски младински парламент, Клубот на млади пеи Црвен Крст, Чекори на млади и Фондација Фокус ја реконструираа урбаната опрема на двете локации. Се фарбаа лулашките и останатата рекреативна опрема и се променуваа искршените клацкалки и клупи.
Целта на акцијата е  да се поддигне свеста и одговорност на граѓаните, особено на младите кон зачувување на веќе поставената урбана опрема.

 

Проектот ,,Зачувај, не уништувај,,  е поддржан од Младински Образовен Форум, Фондација Отворено општество Македонија, Пријатели на Македонија и општина Велес.
Фондација Фокус се надева дека ова ќе биде само почеток на реконструкција на детските забавни паркови во градот и ги поттикнува бизнис секторот и другите заинтересирани граѓани да поддржат ваква слична акција која би се случила на 5 декември, денот на волонтерите.