На 15 јануари 2010 година, се реализира првата Видео средба меѓу деца - ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија - ФРАНЦИЈА. Оваа средба е организирана на самиот почеток на имплементацијата на програмата за поддршка на децентрализацијата во Македонија од регионот Долна Нормандија - Франција. Видео средбата ја организираа Фондацијата ФОКУС од Велес и Јавниот дигитален клуб од Ливеро.
На оваа видео средба, учесниците ги разменија информациите за градовите каде живеат, кое е нивното хоби, омилена храна, песна, игра и сл. Посебен интерес и воодушевување покажаа учениците од Ливеро кои со различните прашања дознаа за Македонија и Велес како нови средини каде исто така живеат деца на нивна возраст. Интересен момент беше воодушевувањето од изведбата на песни за деца на англиски јазик од двете групи. Учесниците од двете групи си разменија контакти и секако договорија и следни средби користејќи ја ИКТ технологијата.