Во периодот од 23-25.01.2011 година, Дејан Ристов, Координатор на Младинскиот клуб, учествуваше на меѓународна конференција на тема: „Проактивни млади на Балканот“. Целта на конференцијата беше младите од државите на Балканот да ги споделат своите искуства во споведувањето на младинските иницијативи, да разменат искустав и добри практики и да создадат простор за соработка и заеднички настап.
Ова е трета одржана конференција, после Скопје и Софија и се организира во рамките на истоимениот проектот „Проактивни млади на Балканот“, финансиран од Министерството за млади и спорт на Република Србија.
Проектот се имплементира во партнерство на З.Г „Заеднички вредности“ од Скопје и здружението на граѓани „Проактив“ од Ниш.
На средбата учествуваа 45 преставници на НВО од Македонија, Србија и Бугарија.
Учесниците беа примени и од раководителот на секторот за млади и спорт на општината Ниш, од претседателот на Советот на млади на ошштина Ниш, како и претставници од регионалното одделение на Министерството за млади и спорт на Р.Србија.