Во периодот од 13-ти до 17-ти јуни, извршната директорка на Фондација „Фокус“, г-ѓа Веса Шкортова, во рамки на програмата People2People оствари студиска посета во Брисел, Белгија.
 
Image Студиската посета беше организирана под мотото „Улогата на граѓанските организации во промовирањето активно граѓанство“. Во рамки на посетата, освен можноста за запознавање со европските институции и начинот на кој работат, беа презентирани програмите за млади, образование, волонтерство, доживотно учење и можностите за учество во нив.

Image

Посетата беше одлична можност остварување контакти и потенцијална соработка со претставниците од граѓанските организации од останатите земји од западен Балкан и Исланд како и вклучување во европски и меѓународни мрежи кои работат на полето на промовирање активно граѓанство