Фондација „Фокус“ учествуваше на еднодневна регионална конференција во Албанија на тема: "Развој на корпоративната социјална одговорност - предизвици и практики во регионот".
На конференцијата свои излагања имаа претставници од приватниот сектор, НВО и медиумите од трите држави: Црна Гора, Албанија и Македонија. На темата, искуствата од Македонија ги споделија претставниците од ЦИРа, Комерцијална банка, Министерството за правда на Р.М и Алфа ТВ.