Велес, 26 декември 2015 - Фондација Фокус, во партнерство во ИРД, словенска невладина организација за меѓународна помош и развој, во период од 27 месеци, од Јули 2014 до Септември 2016 спроеведува проект за Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион, финансиран од Министерство за надворешни работи на Р. Словенија. Целната група, ни се невработени жени од Вардарскиот регион, вкупно 50 вклучени во реализацијата на проектот и активностите.
Целта на проектот е да се развијат креативните вештини да жените, и да се зголеми нивната свет за искористување на истите во претприемачки цели, односно - пласирање на нивните креативните изработки на пазарот, и генерирање сопствени приходи, преку продажба.
Во рамки на проектот, до 2015 година, се имплементираа следните активности:
• Создавање на Регионален Креативен Центар
Центарот e место во и од кој се координираат/имплементират сите активности согласно проектот т.е програмата за Економско Јакнење. Центарот е опремен со техничка опрема и материјали за имплементација на работилниците и изработка на креативните предмети. Воедно, претставува и ресурсен центар, со дата податоци и контакти, од жените инволвирани во проектот како понудувачи на производи за продажба и бизнис секторот и индивидуалци како потенцијални побарувачи.
• Имплементација на креативни работилници
Врз основа на афинитетите и побарувањата на жените опфатени со теренско истражување кое беше спроведено, беа дефинираа 5 категории и тоа: изработка на накит, доработка на предмети, традиционални техники на плетење и везење, ликовни техники и изработка на предмети од рециклиран материјал. Во шест месецен период се имплементирани вкупно 24 работилници, насочени кон усовршување и/или осознавање на одредена креативна техника, и обучија повеќе од 50 жени од Вардарскиот регион.
• Имплементација на тренинг сесии за развој на претприемачки вештини
Согласно Програмата за економско зајакнување, беа предвидени и имплементирани, тренинг сесии за жените опфатени со проектот, со тематики кои се детектираа како неопходни сегменти во целокупната слика за успешност како претприемач. Тренинг сесиите се однесуваа на темите повразни со: комуникациски вештини и маркетинг, развој на бизнис планови и презентации на владините мерки за поддршка на претприемништвото. Истите се одржаа во Хотел Романтик, на кои присуствуваа 50 жени учеснички, и кои ги спроведоа искусни Универзитетски професори и преставик од Центарот за Вработување, Велес.
- Промоција и продажба на креативните изработки
Посебен осврт енасочен кон промоција и продажба на креативните продуктите кои произлегуваат како продукт од креативната работа на учесничките. Активностите во овој дел предвидуваат:
- презентација на изработените креативните предмети
- изработен каталог во електронска и принт верзија кои ќе ја промовираат нивната работа и презентираат нивниот талент
- изработени и поставени полици за промоција и продажба во деловни објекти (ресторани, хотели, продавници за сувенири)
- креирани профили на луѓе за продажба, именувани како агенти за продажба, кои на терен ќе ги нудат и промовираат изработените креативни предмети
До завршувањето на проектот во Септември 2016, преостануваат серија активности, со кои ќе се заокружи имплементацијата на целокупниот проектот, и ќе се постигнат крајните - етапно поставени цели.