Donacija Francija1

По неколкумесечната интензивна подготовка на Фондација Фокус во партнерство со Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин и Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ во партнерство со хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција, во Велес на 11 април 2019 година пристигна хуманитарната помош наменета за јавните здравствени установи: Здравствен дом Велес, Болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка и Клинички центар во Скопје.

DonacijaFrancija2

DonacijaFrancija3

Поконкретно донацијата, вредна 20 илјади евра, се состои во колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење, болничка опрема, масички, антидекубитни душеци како и компјутерска опрема што двете граѓански организации од Франција ја донираа во Здравствениот дом во Велес. 

DonacijaFrancijakombepredzdravendom

DonacijaFrancija4

Примопредавањето на донацијата на 12 април започна во Здравственот дом во Велес и продолжи во болницата во Јасеново, каде присуствуваше и Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.

DonacijaFrancijaJasenovo5

DonacijaFrancijaJasenovo6

На работните состаноци што донаторите ги имаа со директорите на Здрвствен дом - Велес, Никола Димовски и на Болница Јасеново, д-р Зоран Матев беше разговарано за продолжување на соработката преку покажан нов интерес и потреба од медицинска опрема и предмети што би придонеле за подигнување на квалитетот на здравствените услуги во двете јавни здравствени установи.

DonacijaFrancijaSK8

На примопредавањето на донацијата во Клинички центар во Скопје присуствуваше и Неговата Екселенција Амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние коj меѓудругото ги поттикна граѓанските организации, партнери во реализацијата на хуманитарната помош, на уште поголема меѓусебна соработка.

DonacijaFrancijaTimonie9

Јавните здравствени институции во Велес, Чашка и Скопје се заблагодарија на донацијата и покажаа интерес за понатамошна соработка.

DonacijaFrancija10kafic

Фондација Фокус, ЗГ „Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин“, Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција разговараа и за продолжување на соработката преку конкретни активности што можат да ги превземат годинава.