Дебатните тимови на Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин ги освоија првите места.

Image

Во организација на Младсински образовен форум вчера во Неготино се одржа полуфиналето од циклусот дебати на тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година".

Учествуваа осум дебатерски групи од  Неготино, Кичево, Битола и Велес.Двата тима кои го преставуваа Велес се членови на дебатниот тим при Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин.

Надица Кулеџиовска, Надица Трајковска, Марија  Лазовска беа дебатерите од тимот на афирмативци кои на зададената тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година" го освоија првото место.

Дебатерите за прв пат  дебатираа на англиски јазик.Она што е интересно според организаторите е високиот степен на познавање на предностите на ЕУ и ставот дека Македонија потребно е што поскоро да стане дел од европското семејство.

„Би сакала да ги дефинирам клучните поими во тезата на ова дебата. Најпрвин ќе ви го дефинирам поимот интегрирање. Тој претставува соединување на луѓе од различни расни, етнички и социјални групи во асоцијација која се заложува за нејзините членки, а во нашиот конкретен случај таа асоцијација е Европската Унија. Воедно би сакала и да ви објаснам што се подразбира под терминот Западно Балкански земји Во групата на Западно Балкански земји спаѓаат: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Србија, Косово и Црна Гора. И за крај би сакала да ви објаснам што би значело интегрирањето на земјите од Западен Балкан во Европска Унија до 2015. Вклучувањето на земјите претставува брз, но многу поволен начин за ние да станеме дел од големото европско семејство. Ова нам ќе ни донесе многу поволности и опција која на некој начин ќе овозможи моменталната ситуација да биде подобрена на политички, економски и демократски план,"  рече во својот говор  Надица Кулеџиовска

„ Постојат меѓународни организации кои работат заедно за намалување на организираниот криминал. Тие соработуваат со земјите од Западниот Балкан и во моментот кога овие земји ќе се интегрираат во ЕУ таа соработка ќе се зацврсти и продлабочи. Меѓутоа мора да се напомене дека со самото влегување во Европската Унија Западно Балканските земји ќе ја добијат долгопосакуваната економска стабилност и со тоа стандардите ќе бидат зголемени" е дел од дебатата на Надица Трајковска.

„Заедница на заеднички вредности за кои се борат земјите членки" со овие зборови го започна својот настап Марија Лазовска

„ Европската  Унија го подобри животниот стандард, а со тоа и животот на милиони луѓе низ цела Европа", рече Лазовска.

Во Неготино ,на дебатерскиот натпревар прво место освои и тимот на негативците, во чии состав беа,  Виктор Стефановски, Маринела Мајнова, Трајче Стојковски.

Следното натпреварување е за две недели во Скопје кога ќе се одржи и финалето.

Image

Тогашните победниците ќе ја преставуваат Македонија на светското првенство во дебатирање кое ке се  одржи во Босна и Херцеговина.