Во рамки на кампањата „Има начин да се активираш“, членовите на Младинскиот клуб при Фондација „Фокус“ ги посетија четирите средни училишта ОССУ „Јовче Тесличков“, ОССУ „Димитрија Чуповски“, ОССУ „Коле Неделковски“ и ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“  во Велес со цел да им овозможат на средношколците да ги презентираат своите идеи  и преку мотивирачки пораки директно да се вклучат во активностите кои ги нуди Клубот.             

   poraki-ucilista  poraki-ucilista 3

 Младите покажаа голема креативност и желба за активирање во различни области. Со своите пораки покажаа дека се свесни за одредени проблеми и во истовреме понудија  конкретни предлог решенија како: да се зголеми чистотата во градот, да се уредат училишните дворови, да се направи кино салата и сдруги спортски содржини кои ќе го исполнат младинското секојдневие.

poraki-ucilista 2

     poraki-ucilista 1  poraki-ucilista 4