Младинскиот клуб на Фондацијата „Фокус” во рамките на проектот Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива на 25.06.2010 година (петок) ќе ги реализира следните активности:
Со почеток во 13.00 часот во просториите на Фондацијата ќе организира трибина со наслов „Преку неформално образование до најдобро сознание “. За придобивнките кои може да ги стекнат средношколците во неформалното образование ќе говорат Веса Шкортова, извршен директор на ,,Фокус,, м-р Асен Прличков, психолог, Маја Хеско, социолог, Дијана Иванова, новинар, Бобан Пановски правник од Техничко-технолошкиот факултет, Мартин Алексовски соработник од МОФ и Страхил Тодоров како модератор.
Во 18.00 часот во Младинскиот парк, ќе организира изложба на фотграфии од активности и настани на клубот со наслов „Преку неформално образование, до најдобро сознание “.
Со овие активности ќе се одбележи две годишното работење на клубот.