Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“ на 23.02.2012 год

ина одржа обука на тема „Градење на капацитети на младите за вработување и самовработување“.

Yes Fondacija 1


Обуката ги опфати темите за унапредување на комуникацијата, изработка на личен акционен план за развој, подготовка за интервју, изработка на CV и бизнис план, а ја спроведе Наташа Петкова обучувач од YES Фондација од Скопје.

Обуката е составен дел од Локалната младинска стартегија на Општина Велес 2012-2016 од  приоритетната област „Невработеност помеѓу младите“ и има за цел да им помогне на младите во подобрување на вештините за настап при наоѓање работа како и за развивање на нивните идеи за започнување на сопствен бизнис.
Целна група за оваа обука се младите невработени лица, студенти и лица кои претходно биле вработени а кои сакаат да се надоградуваат во својата кариера.

Yes fondacija 2