Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во просториите на Фондацијата, одржа работилница со претставници на општинаската администрација и работната група на тема „Градење на капацитети на младите за креирање на механизми за алтернативни начини на информирање “. Целта на оваа работилница беше младите да ги достват своите предлози како до поголема достапност на информациите кои нив ги засегаат.
Пред 15тина претставници од граѓанските организации, средношколци и студенти претставниците од општината, г Сашко Ристовски раководилтел на оделение за економски развој и информатичка технологија и г Горан Чучуковски вработен во истото оделение присутните им ги презентираа своите предлози и тоа: отворање на посебна категорија за млади на постоечка веб страна на општина Велес www.veles.gov.mk или отворање на нова веб страна со поставување на банер на официјалната веб страна на општината на која би ги имало сите информации кои се поврзани со оваа целна група, отворање на посебна категориј во која ќе се доставуваат граѓанските предлози и идеи по електонски пат во текот на целата година, исто така да има можност да се презентираат начините на кои младите можат да се вклучат во институциите на општина Велес било да е тоа волонтерски или практикантски со кои би го надоградиле своето знаење, да се презентираат посебно активностите накои би се повикувале граѓаните да се вклучат во активностите кои се од општ интерес на општината, транспаренто објавување на службените броеви на членовите на советот, испраќање по електонски пат на дневните електонски билтени или можност за отворање на корисничко име со кои би имале увид во истите кога би ни биле потребни, да се овозможи по електронски пат да се доставуваат прашања до членовите на Советот на оштина Велес.
Преставниците од општина Велес нагласија дека се спремни да прифатат дел од овие предлози со кои би го надоградиле концептот на информирање кон комуникациски техники со граѓаните. Општината, согласно расположливите ресурси ги развива комуникациските техники со примена на новите технологии пред се интернетот.
Оваа работна средба е организирана согласно акцискиот план за 2012 година од Локалната младинска стратегија на општина Велес.