Mладите од Велес учествуваа на локалниот настан „Изборот е младински”, чија цел беше да ги едуцира и запознае младите со основните граѓански и политички права, слободи и одговорности, и да ги поттикне на акција за нивно остварување.

mladinsi prava  mladinski prava1

Во рамките на настанот, активисти од младинскиот клуб при Фондација „Фокус“, Извидничкиот одред  „Димитар Влахов“,  Детскиот младински парламент, Клубот на млади при Црвениот крст и Младинскиот образовен форум дистрибуираа едукативни летоци преку кои се потенцираа членови од Уставот на Република Македонија со кои се гарантираат дел од основните човекови права и слободи.

mladinski prava2  mladinski prava3

На вториот ден од акцијата, младите активисти организираа едукативна работилница со која ги едуцираа  присутните  како да препознаат кога одредени права и слободи се загрозени, ограничени или одземени, каде да се обратат за заштита при вакви ситуации, но и кои се граѓанските обврски кои произлегуваат од правата и слободите гарантирани со Устав.
Настаните беа организирани од страна на група млади активисти, кои учествуваа на Школата за активно граѓанство (Тренинзи за младински активизам) како дел од Проект на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младинскиот образовен форум.