Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес го презентираше проектот „Читај и меѓу редови“ . Презентацијата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, на 19 октомври 2018 година, пред останатите грантисти на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“. Покрај организациите грантисти, на презентацијата присуствуваа и медиуми, претставници од Делегацијата на Европската Комисија како и партнери на Метаморфозис и Евротинк и членови на Мрежата за медиумска писменост.

Проектниот тим на Фондација „Фокус“ присуствуваше и на обука за административно и финансиско работење на проектот.

Целта на проектот е јакнење на медиумската писменост кај младата популација и градење на критичко размислување.

Проектот го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Евротин – центар за европски стратегии и се реализира во период од септември 2018 до февруари 2019 година. Финансиски е поддржан од Европската Унија.