Ucenickakavadarci fin

Педесет ученици од прва до четврта година при Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци се запознаа со целите и активностите на проектот „Читај и меѓу редови’ што Фондација Фокус со медиумскиот партнер регионална телевизија КТВ го спроведува од септември годинава и ќе трае до февруари наредната година. Освен учениците, на промоцијата на проектот беа присутни и Атанас Шиков ,советник за образование во Општина Кавадарци како и дел од професорите кои во своите наставни предмети посветуваат внимание на медиуската писменост и градење на критички став, што всушност е тема и на проектот.

Kavadarcisosovetnikot1 fin

ProvesorkaiDanceto Kavadarci

Професорката Елизабета Бошкова се заблагодари на Фондација  од името на Гимназијата за укажаната доверба и за тоа што токму нивните ученици се вклучени во реализацијата на проектот кој содржи многу значајна и суштествена тема на која сите граѓани треба да посветуваат големо внимание. Потоа учениците од извршната директорка на Фокус ,Убавка Јаневска беа запознати со работата на Фондацијата и особено со предизвикот за проектот додека проектната координаторката Даниела Саздова им ги претстави проектните активности и очекувањата од „Читај и меѓу редови“.

Уредникот на Телевизија КТВ, Ангел Данов рече дека очекува плодна соработка со учениците чиј резултат ќе можат да го видат сите граѓани во вардарски регион бидејќи квалитетно сработените осум ученички вести ќе бидат емитувани во информативната програма на регионалната телевизијата.

Потоа на Средношколскиот медиумски форум што се одржа во Гимназијата, учениците покажаа интерес за темата: „Градење на медиуска писменост и критичко размислување“. Учениците со внимание ги слушаа примерите што Димовски им ги презентираше, посочувајќи им како да препознаат дезинформација (лажна вест), како се пишува вистинска новинарска вест и кои извори да ги користат. 

Тие особено се вклучија во интерактивниот дел на форумот со што му помогнаа на новинарот Саше Димовски првично да ги процени капацитетите на учениците поврзани со темата. За нив беа интересни и вежбите, составени од лажни вести или дезинформации, за кои поттикнати од едукацијата експресно реагираа на погрешно напишаните или непостоечки извори на вести што се анализираа, на фактите како што беше примерот од вежбата поврзан со Основен суд во Демир Капија бидејќи во посочениот град не непостои суд итн..

SasesosovetnikotSiskov fin

Освен со учениците од кавадаречката Гимназија, Фондација Фокус проектните активности ги реализира и со ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. 

Целта на проектот е зголемување на свеста на младите во вардарски плански регион за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста со користење на аргументи и компетентност.

Фондација Фокус го реализира проектот „Читај и меѓу редови“ како регрант на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ што го спроведуваат Фондација за интернет и општетсво Метаморфозис и Евротинк- Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европската Унија.