Потреба од театарска младинска сцена, катастрофални услови за тренинг во салата на ООУ Блаже Конески, финансирањето на спортските клубови во градот, одолговлекување на судските процеси, проблемот со бездомните кучиња и уште неколку други теми се утврдија на третата едукатина работилницаза медиумска писменост и критичко размислување во Гимназијата Кочо Рацин во Велес.

Заедно со новинарот Саше Димовски и со проектниот координатор ги детектираа и изворите односно соговорниците со кои тие ќе разговараат на темите што сами ги предложија на едукативните работилници. Потоа ќе следи снимањето на прилозите кои ќе бидат финален производ на учениците вклучени во проектот „Читај и меѓу редови“.


Прилозите што ќе ги подготват учениците заедно со проектниот тим и експертот-новинар ќе бидат објавени на регионалниот веб портал Дума.мк.


Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација Фокус го реализира како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ и го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.