Младинскиот Актив на Фондацијата за локален развој и демократија „ФОКУС“ распишува

Л И Т Е Р А Т У Р Е Н       К О Н К У Р С
на тема „Мојот сон е...“

за ученици од основните училишта во Општина Велес, во две категории:

- од 1 до 5 одделение (одделенска настава)
- од 6 до 9 одделение (предметна настава)

Литературните творби во жанр: проза или поезија можат да содржат неограничен број на зборови.

Во творбите треба да се опфати личното мислење на самиот автор, неговиот сон, неговите желби и претставата за општеството од личен аспект. Творбите треба да бидат испратени на меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за испраќање на творбите е 1.3.2019 (петок).

Творбите ќе бидат оценувани од Младинскиот Актив на Фондацијата.

Резултатите ќе бидат испратени до училиштата во понеделник  на 4.3.2019 година додека за доделувањето на наградите ќе следи дополнително известување.

Лица за контакт :
– Убавка Јаневска 070/226-025
- Филип Јованов 071/436-090
- Матеа Несторова 076/783 635