Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ParkGimnazija fin

Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус “ Велес, како членка на Коалицијата на младински организации „СЕГА“, организира настан на тема „Младите и граѓанскиот активизам во Велес“.

Целта на настанот е да се идентификува колку младите во Велес имаат познавања за граѓански активизам ,една од повеќето традиционални европски вредности, да потикне дебата на тема:„Што му е потребно на Велес за поголем граѓански активизам помеѓу средношколците“ и да ги слушне нивните мислења за лична мотивација и подготвеност тие да му помогнат на својот град или локалната заедница во која тие живеат.

На настанот наш гостин ќе биде Игор Смилев познат граѓански активист во Велес и во државата.

Настанот ќе се одржи во училишнот двор на „Гимназијата Кочо Рацин“ во Велес на 10.09.2020година (четврток)со почеток во 18:00часот

Напоменуваме дека настанот го организираме според протоколите за заштита од ковид-19.

Овој настан го организира Клубот на млади како членка на Коалиција „СЕГА“ и партнер во спроведувањето на проектот „ Младите и европските вредности“.