Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Untitled 3На ден 01.02.2021 и 02.02.2021, во просториите на Фондација за локален развој и демократија „ФОКУС“ се одржа обука на тема медиумска писменост. Проектот ‘’Млади за медиумска писменост’’ вклучи повеќе од 20 млади средношколци, студенти и волонтери кои стекнаа основни знаења за медиумска писменост и за лажни вести, како и начини за да се заштитат од истите.

Обучувач беше младинскиот активист и волонтер во Клубот на млади на Фондацијата „ФОКУС“ Игор Стојков,на кои му помагаа волонтерките Ивана Мирчевска и Макфире Ахмети.Untitled 4Обука за откривање на дезинформации во професионални медиуми спроведе и новинарката Убавка Јаневска.

Untitled 2

Во првата фаза, учесниците се запознаа со работата на Фондацијата „ФОКУС“, како и YES Програмата на која нашиот волонтер Стојков учествуваше во 2019-2020 година. Потоа,преку интеракција 20те учесници добија едукација, работеа на практични вежби и стекнаа знаења за медиумска писменост и справување со лажни вести.

Untitled 1На овој проект, исто така, се промовираше младинскиот активизам и волонтеризам на локално ниво, а учесниците на проектот беа охрабрени да се приклучат кон работата на младинскиот клуб на „ФОКУС“ и да учествуваат во создавањето на Велес како град-пријател на младите.

Проектот беше финансиран од US Department of State и партнерски реализиран со Клуб на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“