Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Mehanizam1fin 1

Проектниот тим го презентираше проектот, целта и очекуваните резултати пред Васко Трајковски директор на СОУ ,,Јовче Тесличков” на работна средба што се одржа во понеделник, на 11 септември 2023 година. Координаторката Маја Чадиева детално го запозна Трајковски со активностите и придобивките oд обуките и на тренинзите коишто се проектни активности како и придобивките за учениците, учесници во проектот така и за четирите средни училишта во Велес. Трајковски покажа интерес и беше договорена соработка со директно одговорен професор кои ќе ги координира учениците и ќе биде логистика од самото средно училиште во периодот на реализација на проектот.

Голема заинтересираност за обуките и тренинзите, исто така, покажа и директорката Весна Стојанова Богоевска на ССОУ „Коле Неделковски“ со која исто така проектниот тим реализираше работна средба на 11 септември 2023 година. Проектната асистентка Ивана Јордева потенцираше дека обуките ќе се состојат од теоретски и практичен дел, на кои младите ќе имаат можност да се запознаат со дефиницијата, значењето и начинот на реализирање на младинските права. И во ова средно училиште во Велес, беше договорен начин на пријавување на ученици како и назначен професор за координација и логистичка поддршка.

На 12 септември 2023 година, вторник, Чадиева и Јордева, беа примени и од директорот Петре Жабев на ССОУ ,,Димитрија Чуповски” додека во среда, 13 септември и со Илија Попов директор на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Двајцата директори освен што покажаа голем интерес исто така понудија и простор за одржување на обуките и тренинзите на учениците. Започна пријавувањето на учениците. Дополнително, со Попов и со Жабев, беше разговарано за локација во заедничкиот училишен двор на која ќе се постави „Сокачето на младински права“ коешто е само една иновативна активност од повеќето што ги содржи проектната апликација „Иднината сум и јас“.

Проектот којшто Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус” зпочна да го реализира во месец август, годинава, е програма за директна поддршка на граѓанските организации финансирана од Европска Унија. Периодот на имплементација е пет месеци поточно проектот завршува на 31 декември 2023 година.