Покана за информативен настан за Законот за здруженија и фондации
Почитувани,
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Фондацијата Фокус од Велес, ве покануваат да учествувате на информативниот настан за Законот за здруженија и фондации што ќе се одржи на 2 јуни 2010 година во просториите на Фондацијата Фокус во Велес.
Како што ви е познато на 12 април 2010 година Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за здруженија и фондации кој е објавен во Службен весник на Македонија бр. 52 од 16 април 2010 година.
МЦМС како организација која што е посветена на подобрување на правната рамка за граѓанските организации од 1995 година и како директно вклучена во работната група која што го подготвуваше законот, преку овој настан има за цел да ги информира здруженијата на граѓани и фондации за новините кои што се предвидени во законот, а кои што се од суштинско значење за остварувањето на слободата на здружување, да ги презентира можностите за одржливост на граѓанскиот сектор кој ги нуди овој Закон, како и да ве запознае со последователните активности кои што треба да ги преземат одговорните органи на државната управа, но и потребните усогласувања кои што треба да ги направат здруженијата на граѓани и фондации во роковите кои што се превидени во Законот, како и да се лоцираат прашања за појаснување.
Дневен ред
11:00 — 12:00 Презентација на Законот за здруженија и фондации
12:00-13:30 Дискусија
Воведничар: Сашо Клековски / Емина Нурединоска
Ве молиме вашето учество потврдете го кај (Диме Велев - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. )