Велес, 24.02.2017, Првата координативна средба на неформалната мрежа за демократија и локален развој беше одржана во просториите на Фондација „Фокус“. На истата присуствуваа шест граѓански организации од општините Велес, Лозово, Градско и Чашка.
На воведната средба претставниците на организациите предложија конкретни граѓански проблеми што се од приоритетно значење во локалните заедници, а кои на средбите што следуваат ќе се развијат во граѓански иницијативи кои ќе се спроведат во некоја од четирите општини.
Информативната средба е во рамките на програмата Civica mobilitas.