Во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ во кој Фондација Фокус е партнер на Центарот за граѓански комуникации беше одржана дебата на која беа презентирани резултатите од истражувањето и рангирањето на институциите според нивото на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.
Главниот наод од спроведеното повеќемесечно истражување покажа дека опфатените институции исполнуваат од 34% до 65 % од критериумите кои гарантираат транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со просечно ниво на исполнување од 52 %. Истражувањето беше спроведено со помош на изготвена алатка за мерење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на 21 институција (Влада, министерства, секретаријати и Собранието) преку која се проверуваше како наведените институции ги спроведувале јавните набавки во 2016 година.
Проектот трае до крајот на 2019 година и во следните години ќе се врши споредба на состојбата и мерење на напредокот на овие институции во однос на базичната 2016, а истиот ќе се прошири и на локално ниво.
Дабатата беше одржана во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност,отчетност и интегритет на јваните набавки “ кој е финансиран од Европска Унија.