Одлука на скопска апелација.
Повисокиот суд ја укина одлуката со која пред три месеци велешкиот суд го прогласи друштвото за производство и трговија „Метрудхем“ од Скопје за нов газда на Топилницата
Поради повреди во постапката за избор на нов газда и непочитување на условите пропишани во тендерот за продажба, Апелациониот суд во Скопје ја укина одлуката за продажба на Топилницата во Велес на скопски „Метрудхем".
Доверителите на Топилница и велешкиот суд повторно ќе одлучуваат на кого ќе го продадат Комбинатот, вели претседателот на скопска апелација Јордан Митриновски.
За ваквата одлука денеска нема информација од велешкиот суд,не знаеше ниту стечајниот управник на Топилницата, Радослав Кипровски.
Продажбата на велешкиот металуршко - хемиски комбинат пред три месеци ја обжали турската фирма „Јалим дис Тиџарет„.
Од „Јалим" тврдеа дека бизнис групи го местат тендерот и затоа се дисквалификувани. Официјално тие излегоа од игра оти наводно уплатиле 100 евра помалку од потребниот депозит за учество на тендерот.
На седмиот тендер за продажба на велешка Топилница, во јуни годинава, мнозинството доверители за најповолна ја избраа единствената понуда која стигна од скопската фирма „Метрудхем".
Таа понуди 2 милиони и 250 илјади евра или околу 33 отсто помалку од сумата на дисквалификуваната турска компанија.
превземено од www.lisica.mk