caska 3

Фондација за локален развој и демократија Фокус  Велес  на дебата  со жителите на општина Чашка. Дебатата се одржа на 23.01.2018 година во просториите на основното училишта Тодор Јанев. Пред граѓаните  беше презентирана алатката „Приоритети“ преку која тие ќе можат да ги доставуваат своите идеи, предлози и решенија од сферата на комуналната и инфраструктурната дејност.

caska 2

Граѓаните на Чашка беа запознати и со можностите како активно да се вклучат во соработка со службите на локалната самоуправа во решавање на приоритетини потреби и проблеми. Исто така дел од присутните граѓани ги потенцираа своите потреби во насока на подобрување на квалитетот на живот и развој на локалната заедница.

caska 1

Освен граѓани на средбата присуствуваа и вработени во општинската администрација кои исто така презентираа дел од  јавните манифестации што се одржуваат во општината во соработка со граѓаните. Тие посочија  дека на територијата на општината постојат објекти во кои тие ќе можат да ги спроведуваат свои активности.

Оваа активност, Фондација Фокус ја спроведе во рамки на програмата Civica Mobilitas.