Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“, чија генерална цел е зголемување на влијанието над општината за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција од корупција објавува:

Јавен повик за ангажирање на новинар/ка
за изработка на истражувачка приказна за постапката за издавање на градежна дозвола

Со познавања и искуство во новинарската професија:

- истражувачко новинарство со солидно познавање на законска регулатива за урбанизам и градежништво

Новинар/ка ќе биде ангажиран/а за период септември 2018 – јануари 2019 година, со ефективни 11 работни дена, со работни обврски:

- во соработка со проектниот координатор и експертот да подготви истражувачка приказна во која ќе открие два специфични случаи на граѓани соочени со проблеми во постапката на добивање, спроведување, „спорни“ дозволи кои отежнуваат изградба на објекти според предвиден план за градба.

- форматот на истражувачката приказна ќе треба да биде наменет за радио и за он лајн медиум

Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање на проектот, потребно е да достават: CV и понуда за подготовка на истражувачка приказна со предлог концепт.

Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или со доставување на потребните документи во канцеларијата на Фондација Фокус - Велес ул: Солунска бр. 2 А во Велес  до 17.09.2018 год. (понеделник) до 16.00 часот.

Овој документ е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција". Содржината е единствена одговорност на авторите и на Фондација Фокус и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.