Фондација за локален развој и демократија „ФОКУС“ Велес, имплементирајќи го проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ на донаторот ЦРПМ , со цел е детектирање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат учениците и ученичките, особено во време на пандемија предизвикана од Ковид-19, објавува:
Јавен повик за ангажирање на тројца анкетари/ки за теренско спроведување на анкета во Велес и населени места
Кандидатите за анкетари ќе бидат ангажирани за спроведување на теренска работа за реализација на проектот во Велес и населените места Иванковци, Башино Село, Бузалково,Горно Оризари.
Основни критериуми кои треба да бидат исполнети:
• Најмалку завршено средно образование
• Основни компјутерски вештини
• Одлични комуникациски вештини
• Подготвеност за патување низ населени места
Обврски:
• Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани/ки (родители), лице во лице.
• Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење, динамични и со одлични комуникациски вештини.
Ние нудиме:
• Флексибилно време за спроведување на анкетата
• Хонорар по завршување на анкетата
Пријавувањето ќе се врши по електронски пат, со поднесување на CV и пријава на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 10.02.2021 год. (среда) до 16.00 часот.
Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.