Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ ги подготвија фолиите според изработените скици на дипл. архитектка Цветанка Саздова, волонтерка на Фондација “Фокус“. Работниците исто така ги монтираа во дворовите на клон „Ѕвончица“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ и на ПОУ „Маца Овчарова“ во Велес на 1 февруари 2020 година.
Двете установи, партнери на Фондација „Фокус“ во проектот, го избраа и расадот што првично ќе биде засаден во фолиите на зелените детски градини.
Децата и учениците претходно беа дел од обука за здрава храна и животна средина и тие ќе ги засадат првите количини на расад.
Тоj ќе биде зеленчук што ќе го одгледуваат и од него ќе се приготвува храна во кујните на градинката и училиштето.