Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

Поради задоволството од транспарентната и експедитивна распределба на претходните донации, фирмата „Кенди“ од Скопје ја продолжува соработката со Фондацијата „Фокус“ од Велес, која деновиве ја испрати својата трета донација. Овој пат тоа е 1.120 килограми Тузланска јодирана сол и 100 килограми Еврозачин. Зачинот и дел од солта беа донирани во Народната кујна „Ѓаконија“ од Велес, а 100 килограми сол доби и кујната „Димче Мирчев“.

Фондацијата „Фокус“ и овој пат не ги прескокна и останатите општини и донираше по 50 килограми на Извидничкиот центар „Голозинци“ и Планинарскиот дом во с.Папрадиште, општина Чашка, како и 100 килограми сол на кујната во домот „Тодор Јанев“ и уште 90 килограми кои беа поделени на корисниците на оваа кујна.

Image

Фондацијата „Фокус“ е отворена за соработка за сите заинтересирани граѓани и фирми кои сакаат да ја искажат својата хуманост и да донираат во „Фондот за поддршка“ за деца од социјално загрозени семејства. Тоа може да го направат на жиро сметките кои за таа цел се отворени во Комерцијална банка и тоа:

 

Фондација ФОКУС Ул.Трајко Панов бр.22 Велес За Фондот за поддршка

Денарска 300270000081648

Девизна 0270100249291

Комерцијална банка