Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Новогодишни пакетчиња добија 100-тина деца на најсиромашните семејства во градот.

Ним Новата Година посреќна  им ја направија триесетина членовите на клубот на мотористи Мото „Спиди Ист" заедно со претставниците на Фондацијата ФОКУС - Фонд за поддршка.

Tие со своите мотори ги посетија дечињата во нивните домови и им подарија пакетчиња.



Ваквиот хуман гест на велешките мотористи внесоа радост во срцата на дечињата.  

За прв пат годинава членовите на мото клубот  самоиницијативно во соработка со Фондацијата Фокус им поделија новогодишни пакетчиња на најсиромашните деца и децата без родители. Тие се надеваат дека овој празничен гест ќе премине во традиција.

„Без никакви спонзори ги обезбедивме пакетчињата. Еве им ги делиме на дечињата, а тоа нас не прави многу среќни. Со овој чин докажуваме дека и ние моторџиите сме хумани луѓе, рече Александар Караколев, моторист.



 

 

Велешките моторџии им посакаа здравје и среќно детсво на најмалите, а на возрасните им порачаа да бидат хумани особено кога станува збор за децата.

Со денешниот хуман гест, мотористи, стана дел од проектот на Фондацијата Фокус за помош на најсиромашните деца во градот. За нив е формиран посебен фондот во кои први пари донираа Комерцијална банка и Жито Вардар.

„Сакаме да испратиме порака до сите граѓани кои сакаат некому да подарат внимание, било што друго и кои имаат повеќе од колку што тоа им е потребно, тоа да го прават почесто да не чекаат да дојдат празници. Да се сетат на некого кои што има потреба од внимание и да се обратат кај нас, бидејќи нашиот фонд е отворен и за индивидуалци и за фирми,“ вели Весна Шкортова извршен директор на Фондацијата Фокус.