Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1


„Воспоставување Фонд за поддршка“

Фондацијата „Фокус“ организираше завршен настан за да ги претстави постигнатите резултати од 11месечното функционирање на Фондот за поддршка во кој се прибираа донации и средства за децата од социјално загрозени семејства од Велес, Градско, Лозово и Чашка.

 



На настанот присуствуваа донаторите и сите оние кои на било каков начин дадоа поддршка и помогнаа овој проект успешно да се реализира.

Статуетки и признанија за хуманост им беа доделени на „Кенди“ од Скопје, Групацијата АД „Жито Вардар“-Велес, Комерцијална банка АД Скопје, Клубот на моторџии „Мото Спиди Ист“ и на Средношколците од Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес.
Благодарност за соработката и придонес кон Фондот им беше укажана и на сопствениците на Ресторан „Снупи“, хотел „Романтик“, како и на сопствениците на маркетите во кои беа поставени каси за донации: „Жито Маркети“, „Ани 96“, „Зага Маркет“, „Алфа Маркет“ и колонијал „Мони“.
На средбата беа презентирани активностите кои се одвиваа во текот на реализацијата на овој проект, како и резултатите кои беа постигнати.

 

Во Фондот беа собрани повеќе од 500.000,00 денари и тоа: нефинансиски средства во материјални добра во износ од 432.137,00 денари и тоа донации во витамини, сокчиња, сол и зачин од Кенди ДООЕЛ-Скопје,  бесплатни секојдневни оброци за 50 деца од основните училишта во износ од 74.273,00 мкд обезбедени од АД „Жито Вардар“-Велес, обезбедени и поделени 100 новогодишни пакетчиња во вредност од 11.500,00 мкд од Мото спиди ист.
финансиски средства од донации во вкупен износ од 28.835,мкд и тоа од Комерцијална банка 10.000,00 мкд и 18.835,00 мкд од средношколците од Гимназија „Кочо Рацин“-Велес и од индивидуални граѓани кои донираа на жиро сметката и во касите поставени во маркетите. Со овие средства беше набавена една анатомска фотеља за ученик во прво одделение во ПОУ „Маца Овчарова“ и 120 енциклопедии за 60 деца од четирите општини.

Во Фондот сеуште се собираат средства од граѓаните кои имаат индивидуални касички за донирање денар-365 дена во годината, со што Фондот ќе продолжи да функционира и понатаму. Исто така и Групацијата АД „Жито Вардар“ ќе продолжи да го обезбедува бесплатниот оброк за 50те деца до крајот на оваа учебна година, со што вкупниот износ на материјални средства ќе се зголеми.

Фондација „Фокус“, на сите донатори, медиуми, сопственици на маркети, волонтерите и на сите граѓани кои дадоа поддршка, од името на дечињата корисници на Фондот, им се заблагодарува за нивната хуманост и  верува дека Фондот нема да престане да помага се додека за тоа постои реална потреба.