Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Поделени 30 комплета лектири од средства донирани од граѓаните

Image

Фондацијата „Фокус“ подели 30 комплета лектири за трето, четврто и петто одделение, на децата кои се корисници на Фондот за поддршка. Средствата со кои беа набавени лектирите се собрани од граѓаните кои донираа во касите поставени во маркетите низ градот и х.Романтик, како и од индивидуалци кои своите донации ги уплатија на трансакциската сметка на Фондот во Комерцијална банка. На овој начин беа собрани 20.700,00 денари, од кои за лектирите се потрошени 18.216,00 ден.

Image Image

Со овој настан симболично беше одбележан Светскиот ден на детето, како и крајот на учебната 2009/2010 година.

Тимот на Фондација „Фокус“ им се заблагодари на родителите за соработката, а на децата им посака пријатен летен распуст и успех во наредната година, со надеж дека ќе има можност и понатаму да ги поддржува, а на граѓаните да им овозможи да донираат кога и колку можат.