Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата „Фокус“ во одбележување на меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

Со акцијата за промовирање на Фондот за поддршка кој Фондацијата Фокус го воспостави минатата година, започна одбележувањето на 17-ти октомври, меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.
Во соработка со „Алфа" маркети и фирмата Кенди ДООЕЛ од Скопје, беше организирана промоција на производите на оваа фирма со чиешто купување во Алфа маркетите низ градот, велешани директно донираат во Фондот наменет за дечињата од социјално немоќните семејства.

Промоцијата на производите  продолжува, а хуманите велешани и понатаму, купувајќи ги овие проиизводи и донирајќи во касите поставени и во другите маркети низ градот, ќе донираат во Фондот и на тој начин ќе се вклучат во оваа хумана мисија.
Во текот на оваа недела  во рамки на акцијата волонтерите и вработените од Фондација Фокус ќе ги посетат и јавните институции и ќе поделат индивидуални каси за донирање на сите оние кои ќе изразат желба и подготвеност да дадат свој придонес во Фондот,

Овие активности се само симболичен начин да се одбележи овој ден. Фондацијата на ова прашање работи во текот на целата година и апелира до сите индивидуалци, организации и фирми кои ќе ја препознаат нивната идеја да им се придружат.