Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во рамки на акцијата за одбележување на 17 октомври, меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, вработените од Фондација „Фокус“, посетија неколку локални јавни институции и поделија индивидуални каси за донирање на нивните раководители и оние кои сакаа да дадат свој придонес во Фондот за поддршка.

На раководителките на АД Македонски пошти – Велес, Фондот за ПИО-Велес и на Локалната  библиотека „Гоце Делчев„ лично им се заблагодаруваме за срдечниот прием и за несебичната поддршка на нашата акција.

Фондација „Фокус“ ќе продолжи со активностите и со посетата на институциите кои сакаат да се вклучат во оваа наша хумана мисија. Доколку сакате и Вам да Ви биде доделена индивидуална каса за донирање, можете да се јавите во Фондацијата - нашите волонтери ќе Ве посетат.