Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Успешно реализирана акција

Повеќе од 100 дечиња заедно со нивните родители, баби и дедовци несебично ги подарија своите омилени играчки и дел од својата облека и обувки на забавата организирана во игротеката „Том и Џери“  организирана во соработка со Фондацијата „Фокус“
Целта е остварена! Се собраа подароци со кои ќе се израдуваат  30-тина нивни врсници а дечињата присутни на забавата  научија уште една од многуте важни животни лекции,  да бидат хумани.

На сите учесници и помагатели на овој настан Фондација „Фокус“ им упатува голема благодарност, а на игротеката „Том и Џери“ и го честита вториот роденден и и посакува многу успешни години работа и уште многу вакви хуманитарни настани.

 Image

На 26 Ноември,   игротеката „Том и Џери“  и  Фондацијата „Фокус“ организираа   хуманитарен настан на кој се собираше облека, обувки и играчки за деца од најсиромашните семејства во градот.
Настанот се одржа по повод вториот роденден на игротеката, а поради хуманитарниот карактер Фондацијата „Фокус“ со задоволство ја прифати понудената соработка.

Роденденската забава беше од отворен карактер за сите кои сакаа да донираат и истите наместо подарок носеа облека, обувки и играчки со цел да бидат израдувани многу дечиња.

Со цел донираните работи да стигнат до оние на кои им се најопотребни, тимот на Фондација „Фокус“, во консултација со Центарот за социјална работа издвои 30тина деца на возраст од 0-10 години од Велес согласно облеката и обувките кои беа собрани во акцијата.
Во акцијата волонтираа и членовите на младинскиот клуб „Фокус“ кои помогнаа во собирањето на донираните предмети на настанот, а потоа ги сортираа  и ги подготвија во пакетчиња.

Во текот на забавата се продаваа сокчиња и сендвичи  донирани од „Мирола“ и А.Д.„Жито Вардар“ од Велес, со што дополнително се обезбедија и финансиски средства кои ќе бидат наменети за набавка на дидактички материјал за децата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава во ООУ „Васил Главинов“.