Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Донирани дидактички материјали за учениците во ООУ „Васил Главинов“

Со донираните дидактички материјали купени од средствата собрани на роденденската забава, Фондацијата Фокус и игротеката „Том и Џери“ го збогатија фондот нагледни средства наменети за децата со посебни потреби вклучени во редовната настава во ООУ „Васил Главинов“.

На децата им беа купени сликовници, коцки и сложувалки за развивање на логиката, пластелин и материјали за моделирање и едукативни книги во вредност од 3.700,00 денари, пари што беа собрани од гостите на забавата.

Ова е редовна практика на Фондацијата веќе неколку години наназад со симболична донација да го одбележува 3-ти декември. Фондацијата апелира до останатите организации, институции и поединци да се посветат на вакви хумани акции и да ја искористат секоја прилика да им помогнат на лицата на кои им се потребни внинание и поддршка.

            
 
Слични активности Фокус ќе организира и во иднина. Веќе за следната недела најавува акција за донирање на зачин од скопската компанија ,,Кенди,,  за кујната на Повардарската Епархија.