Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

Годинава, по втор пат, хуманите моторџии од Велес во соработка со Фондација „Фокус“ изненадија и израдуваа 150 дечиња, дел случајни минувачи а останатите ученици од 5-те основни училишта од Велес.

Image Image

Хуманите иницијатори, вљубеници во моторите, ширејќи ја хуманата идеја за донирање на новогодишно пакетче за секое дете, продефилираа низ градот и несебично даруваа изненадувајќи ги децата кои случајно се најдоа на велешките улици. На мотори, со препознатливите дедомразовски капи, ги посетија и училиштата, први го најавија доаѓањето на Новата година и ја пренесоа пораката за поголема масовност кога станува збор за дарувањето.

Image

Фондацијата Фокус е задоволна што моторџиите по втор пат и дадоа доверба да го организира настанот и од тоа што се подготвени настанот да го направат традиционален.

Поттикнати од ваквите успешни акции за дарување и други сограѓани и фирми се обратија до Фондацијата за соработка.

Веќе следната недела, на истекот на оваа година, „Фокус“ во соработка со сопствениците на кафе и игротеката „Виножито“ и кафе барот „Фратело“ ќе израдуваат уште 100-тина деца од Велес, Градско, Лозово и Чашка.

Image Image