Фондација „Фокус“ ги промовираше производите на „Кенди“ ДООЕЛ од Скопје, од чија продажба во „Алфа“ Маркетите во Велес, се одвојува процент за Фондот за поддршка.
За таа цел, овој пат тимот на Фондацијата посети неколку приватни фирми, новинари, адвокати. Тие имаа можност да пробаат дел од производите, и беа запознати дека со купувањето на производите од „Кенди“ во „Алфа“ маркетите по автоматизам донираат во Фондот.