На 06 Април 2011 година во Ликовниот салон во Велес се одржа промоција на книгата „Детските солзи кога течат“ од авторот Соња Гаврилова.
Фондацијата „Фокус“го поддржа издавањето на книгата и со поддршката добиена од Групацијата АД „Жито Вардар“, ГП „Делта Пром“ дооел, ДООЕЛ "Велешко езеро", „Соми Велтекс“ и Ветеринарна станица од Велес, ова издание се отпечати во тираж од 500 примероци.