Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

По писменото барање на трите граѓански организации од Велес, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Здружението за заштита на животни „Гласот на Животните“ и граѓанската организација „Куќа на надежта“, кабелскиот оператор „Телекабел“, како општествено одговорна фирма им го прости долгот на семејството Усинови во висина од 7.170 денари.Освен што им го избриша долгот, Телекабел на Усинови им овозможи бесплатна ТВ програма во наредните 12 месеци.

 

Благодарение на акцијата што изминатиот период ја покренаа трите граѓански организации, голем број добронамерни и хумани граѓани како и фирми донираа за семејството Усинови. Платен им е долгот за струја а во меѓувреме се бара работа и за таткото на четирите деца, Мустафа, кој надничари за да обезбеди егзистенција за своето семејство. На Усинови моментално им тежи долгот кон ЈКП Дервен кој е осумпати поголем од долгот кон Телекабел.

Граѓанските организации стапија во контакт и со дел од велешките фирми со цел да му се помогне, што е можно повеќе, на ова сиромашно шестчлено велешко семејство.

Добронамерните граѓани можат своите донации да ги достават во семејната куќа на Усинови на ул. Јовче Тикваровски бр.3, односно паричните средтсва можат да ги уплатат на трансакциската сметка на Мустафа Усенов со број 300 277 022 147 261 во Комерцијална банка.