Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Граѓанинот - столб на граѓанско - цивилното општество
Исправи се...и бори се ! За тебе се работи!
Боб Марли

Процесот на децентралзиација во Република Македонија е еден од клучните фактори за поддигнување на квалитетот на живеење на граѓаните во локалните заедници. Со овој процес граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење, како што се: урбанизмот, комуналните дејности, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитување, образование, културата, спортот и др. Самиот процес значи и превземање на управувањето на инстутуциите. Досегашното успешно спроведување на децентрализацијата обезбеди побрзи механизми за одлучување, но со  соодветно  функцинирање и зајакнување на локалните институции, кои се превземаат од државата. Со првите резултати се идентификуваа  и проблеми со кои се соочуваат институциите, посебно членовите на органите и телата, избрани или именувани од надворешните чинители на самата институци,  кои  не се доволно иформирани за сопствената улога и најчесто ги доживуваат како добивање привилегија, а не дека добиваат поголема одгвоорност.

Општините Велес, Чашка, Градско и Лозово имаат превземено основачки права во 25 локални институции. Согласно законската регулатива во управните и надзорни органи и советодавни тела, се именуваат или избираат членови од редовите на вработените во организацијата, претставници од локаланта заедница т.е. основачот и претставници од целните групи (родители, самостојни уметници и корисници на услуги).  Во управувачките и надзорни органи и тела, на овие четири општини, членуваат околу 175 лица, од кои 107 се претставници избрани и именувани од основачот, што престваува 61% од одлучувачките тела се конституирани од престваници на целните групи и Владата на Р. Македонија. Додека пак, во 11 училишта во функционираат Совети на родители со вкупно членство од околу 275 преставници на родителските класни совети.

Граѓанската партиципативност во локалните иснтитуции и јавни претпријатија,  претставува и афирмација на уставно загарантираните човекови права на слободно здружување заради остварување и заштита на разнородните права и уверувања и на правото на слободен говор, артикулирани преку законските можности за именување на членови на органите и телата во локалните институции. Исто така, граѓаните преку нивните активности придонесуваат за посеопфатно и  поквалитетно живеење на граѓаните.

Ваквиот придонес на граѓанските облици на партиципативност, пропишани со законите за локалните институции и јавни претпријатија, во промовирањето и градење на демократската култура и социјалната кохезија на сите општествени нивоа ја поттикнува потребата од поинтезивна соработка меѓу целните групи и Општините, заедно со институциите. Нивното взаемно дејствување може значително да придонесе во развивањето на бројни области во дејноста, со цел ефикасно да се одговори на предизвиците и тековните проблеми на локалната заедница.

Затоа, на општините и локалните институции и јавни претпријатија им е од интерес да го поттикнува развојот на учество во креирањето на политиките, од  соодветен баланс и коректив во развојот на демократијата и демократските вредности и како конструктивен надополнувач во областите каде институциите и заедницата има потреба за тоа.

Во редовното функционирање на органите и телата на локалните јавни институции и претпријатија се уште не е воспоставена реалната функција и улога на членовите кои се именувани и избрани од надворешните фактори, немаат дефинирана активна улога како редовни членови при што многу е мал бројот на надворешни членови кои се директно ангажирани или именувани на конкретни задачи и активности во самата институција. Во најголем дел од случаите членстовото во таквите органи се сведува само на присуство и просто гласање по точките на дневен ред, без притоа да имаат активна улога во креирањето на политиката во самата инстистуција или јавно претпијатие.

Огромна е потребата да се содздаваат одржливи модели на соработка помеѓу администрацијата и граѓаните - корисници, особено во делот на подготвеност и  едукативна обученост на администрацијата. Успешните модели за надминување на негативните појави во работата на институциите, кои се предизвикани од социокултурните и економски разлики помеѓу граѓаните,  се оние кои ќе се креираат согласно организациската култура во микро средината.


Поребно е да се поттикнуваат ефективни партнерства за развој на заедницата и да работи на понатамошно развивање  на локалната демократија преку промовирање добро општинско упарвување и одговорно граѓанство.

Димче Велев

Програмски директор  на Фондација ФОКУС