Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Неправедни би биле ако не кажеме дека најголема вина имаат самите граѓани на Велес ...

КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА Велес е град со дваесетина и повеќе детски игралишта. Со странски донации општината изгради пријатни катчиња за најмладите. Со средства од повеќе странски донатори, Владата и општината беа изградени игралишта и во најзафрлените делови на Велес. Граѓаните го поздравија чекорот на сегашниот и предходниот градоначалник. Игралиштата беа опремени и со повеќе справи на кои најмладите поминуваа пријатни часови. За повозрасните пак, беа изградени и игралишта за ракомет, мал фудбал, кошарка и друго. Што е убаво - убаво е, рекоа велешани. Арно ама, како што само ние знаеме, детските игралишта не беа вечни. Имено, по помпезното сечење на лентите одговорните повеќе не се вратија да видат што се случи со справите на кои намјладите си играа. Игралиштето во градскиот парк како да не е тоа. Како некое силно невреме да го зафатило па од лулашките. И другите справи не остана ништо. Слична е состојбата и со сите оние ,,пријатни катчиња,, и плоштатки во сите делови на Велес. Од лулашките останаа само контурите. Единствено, незнаеме зошто, одговорните од Општината не дозволија ваква судбина да го најде детското игралиште во Населбата Тунел. Сликата е поинаква зашто таму и понатаму врие како во кошница од присуството и на најмладите и на повозрасните, особено во вечерните часови. Ангажираните работници од општината деновиве ги офарбаа веќе рѓосаните лулки и други играчки. Значи некои покажа интерес и даде до знаење дека има кој да се грижи. Арно ама не е таа слика иста и со детското игралиште кај железен мост,градскиот пакр,а за оние помалите некогаш пријатни катчиња и да не кажуваме.Парите се потрошени. Некои доби пари за изградбата на овие игралишта, а богами некои пак доби и големи поени. Меѓутоа, Велес пак остана без тие пријатни катчиња за најмладите. Виновник не може да биде никои друг освен Општината. Ова го велиме зашто одговпорните од Општината беа тие што ги трошеа парите добиени од странските донатори и ги сечеја лентите на нивното предавање. Не за друго туку виновни се поради тоа што не најдоа време да ангажираат едно лице кое барем ќе шеташе од едно до друго игралиште и ќе ги спречуваше оние што ги кршеја играчките. Но, неправедни би биле ако не кажеме дека најголема вина имаат самите граѓани на Велес.Зошто? Отворено ќе кажеме. Како и многу пати досега и овој пат недомаќински се однесовме и кон овие пријатни катчиња. Игралиштата повеќе ги нема. Не се слуша детскиот дзагор. Децата и младинците повеќе ги нема да поминуваат пријатни часови. Ги испуштивме повторно. Сосила им велиме да одат во кафичите. Парите ги потрошивме, а немаме игралишта. Странските донатори нема повторно да ни дадат пари за повторно ние да ги фрлиме во бунар. Нели е така. Кого да го обвинуваме сега!? Стоилко Андреевски Авторот е пензиоиниран новинар