Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Дали навистина, искрено, верно и пред се Човечки сме отворени, посветени и комуникативни со светот околу нас....

Ден вторник.... средина на десетиот месец.... утро... треба да пишувам текст.... На кого ли му требаше... кој ли ја прати.... ВЕСТ... лоша, црна, кобна.... Замина Тоше! Иконата, се уште беше дете, а успеа да го спои Балканот, неговата младост за момент го згасна балканското огинче што убива луѓе, разви љубов, всади слога, вдахна надеж, донесе спокој .... СЛАВА МУ!

Почитувани мои,

Мојата намера да пишувам текст за заедницата се однесуваше на „Отворена општина“. Убав повод, за Велес, за нашата локална заедница. Но, трагедијата го направи своето, ме сопре, ме удри по чело, да се замислив, ми се отворија нови слики, нови моменти, се вратив години наназад, најмалку на 2,5 год. кога, целата Македонија, беше во тага и болка. Се вратив на бројката, и приметив, колку е малку временската разлика помеѓу едната и вторава казна, казната над Македонија. Се сетив дека тогаш, како и сега поставуваме безброј прашања ... се запрев на едно, за мене значајно прашање Дали доволно внимаваме, дали сме доволно отворени, дури е жив, додека се мачи за нас – додека твори за нашата татковина?

Затоа се решив следните 3 написи да бидат со еден наслов Отворен(и)... Првата за индивидуата, втората за заедницата, третата за институциите...

Индивидуата! Да тоа сме сите ние прво лице еднина... ние сме тоа, соседите, пријателките и пријателите, колешките и колегите.... Тоа сме и ние селаните, граѓаните, работниците, невработените, социјалците, мажите, жените, функционерите, службениците, избраните... 

 

Тоа сме си ние ЈАС.

Од ЈАС барам внатрешен одговор како мојата личност може да биде похумана, каква што беше Тоше, каков што беше Борис, какви што биле многумина пред нас, какви што се многумина денес околу мене и нас.... Се уште не можам да си пронајдам одговор на тоа колку тоа секој од нас, лично, внимаваме на животот, дали знаеме да се справиме со суетата, комплексите, фрустрациите, дали можеме да се надминеме себеси и нашето его, да видиме кој околу нас, што друг знае, може, умее,  создава, не претставува, не одбележува? Постојано барам можен одговор на нашата искрена отвореност, како личности - каде се подигнува оловниот ѕид што не попречува, кога ни се затскрива сонцето и не обвива темнината, кој ни плете мрежа на очите и добиваме слепило, кога пиеме пресна изворска вода и за затруваме, кога се уништува јас ... пријателот, колегата, другарот, пратеникот, градоначалникот, претседателот, шефот ... кога е мрачниот момент и не го препознаваме моментот, кога во нашето срце се затвораат портите, кога не можеме целиот братски свет не може да влезе во него! Дали е тоа моментот на слабоста пред нејзиното височество – парата, дали е тоа момент кога со нас завладува госпоѓа слава, дали е тоа секвенцата на тага која ни е донесена од госпоѓа власта-моќта? Не знам, но можеби е тоа сложената одговорност за донесување на одлуки, дали внесени во форматот на личност наспрема критериуми произлезени од реалните проблеми и дефинирани потреби, сме сред шума па не ги гледаме новите млади стебла, кои допрва го прават живото подобар и поинаков поквалитетен од досегашниот.

Размислувајќи и барајќи ги причините за тоа колкава е личната одговорност кон секој околу мене, кон мојата заедница, секако тргнувајќи од мене самиот, а споредувајќи ја со напорот за текстот што сакав да го пишам, се запрашав, колку стварно ние сме отворени кон другите? Дали доволно мислиме и ги почитуваме, вреднуваме, практикуваме аманетите од минатото, дали доволно мислиме на денешните наши талентирани, дарувани и благословени велешанки и велешани.. дали мислиме на иднината? И, не видов, искрено, храбар одговор, НЕ не сме доволно посветени.

Дали, почитувани мои, ние сите, завиени во сагата на немаштија, промена на идентитет и слушајќи ги секојдневните интриги и измислици, ние немаме премногу инсинуации, дали не сме премногу затруени со неверување, недоверба? Зоошто ни се затвораат очите и нашите убави нешта ги претвораме во подбив? Дали вистина, а не шега, за мојот Велес е дека „... Не треба да умре козата на комшијата, туку комшијата...“. Расмислував за тоа зошто во се гледаме заговор, измама, кич?

Дали не е тоа заради нашето недоволно верување во самиот себе си, дали недоволно знаеме да препознеме неверство и измама, а да незнаеме да препознаваме хумани луѓе, хумани акции, хумани организации. Каде, драги мои се загуби традицијата на маалата, занаетите, еснафите, боемите, песнариите, друштвата кои беа препознатливи со своите седенки, севдалинки... каде јабана отиде дружењето, зошто ги затвораме прозорците, наместо пошироко да ги отвораме, дали има потреба да ги заѕидуваме чардаците, од што тоа ние се криеме?

Има многу! Долг е списокот на прашња, за сопственото ЈАС, а чуму немаме никаков прашања за оние што створиле за нас, со што сме се оддолжиле, дали доволно ги почитуваме нивните дела, зошто вредностите што тие ги створиле, ние ги релативизираме, зошто си поигруваме со историјата. Како тоа ние сме спремни да ги прафатиме денешните творци, на поединците што се посветуваат на иноветноста, на новите вредности на демократија, култура, уметност...

Не велам, дека треба од се да правиме идол, дека треба да се идеализира... Апелирам, да се даде шанаса секому, да се поддржи секој, да се внимава, да се негуваат талентите, да ги почитуваме оние што барем со една единствена, едноставна работа успеале на нашио Велес, да му дадат новинка на која сме се радувале! Зошто од секого да браме сложеност кога тоа ниту самиот јас не го сакам, ја сакам едноставноста, посветеноста и професионалноста.

Дали, ние велешаните, изминативе 17 години, знаеме што се имавме и што имаме, дали ги приметивме нашите сограѓанки и сограѓани, кои се дадоа себе си, се одвојуваат од своите семејства да творат нова музика, нови слики, нови медуми, нови спортски резултати, за луѓето кои се посевтуваат на развојот на демократијата, а не се политичари, за луѓето кои стораат нов капитал?! Зошто погануваме се што е ново, го уништуваме, а се фалиме дека сме први, која е причината додека некој од страна не ни каже шро имаме, го затрупуваме со секакви ...... дали ги приметувме- локал патриотиве, дали им се посветивме на овие што и денес творат – што сепак решија да останат да живеат во Велес, во Македонија? Дали го забележавме најдобриот мајстор, на новото време, во краткометражен филм, Никола Гајдов, дали ги забележавме неговите дела, кои како гулаби писмоносци, го претставија Велес?

Новото време, ни донесе многу новини, за жал, на телевизија, на радио гледаме и слушаме само за „..крв и месо..“ , наместо тоа

· Зошто, при очи, не гледаме на убавото?

· Зошто, при уши, не го слушаме доброто?

· Зошто, при памет, не скаме да бидеме умни?

Зошто наместо ЈАС самиот, да створам нешто, да научам нешто ново, морам да гледам по туѓите .....

„ Што е тоа во луѓето ТАЖНО, што живеат во животи ТУЃИ, кој во моето МИНАТО плови, сосем мирно без да се СРАМИ?“ 

стих од песна ЦРЕША на Тоше Проески

За на првиот крај, не нужни треба да давате одговори на глас, давајте си ги на самите себе! Кога ќе го имате вистинскиот одговор, тогаш громоглансо кажете .... изустете... Не постојат глупави прашања и мисли, постојат глупави одговори и коментари!

Диме Велев