Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

- Затоа што до сега на никој не му текнало да го најде. !!!!!!!!!!

И навистина. Престојот во убавата нивна Хрватска во која отидов да учествувам на еден фестивал на радио драма и Документарна програма (учествував со Крвава Кошула на Рајко Жинзифов)го искористив и да скокнам на Раб. па на Лопаре па оттаму на Голи !Тоа е еден остров за кој, додека се движите кон него...не знаете што да мислите. Оддалеку се надзираат зидините . . . кои сведочат за Титовото незнаење и докажаното братство- единство на сите народи и народности на нашата поранешна татковина. Верувајте, додека се возите кон Голи, час поцнува да Ви се уринира, час да Ви се дефецира, час ви се крева косата на главата, час (ако немате коса) Ве пролазуваат морници. Стигнуваш. Ем знаеш дека веке ги нема, ем знаеш дека е пуст, ем знаеш дека си потполно безбеден, ама пуста да е литературата и спомените во мемоарска форма напишани од некогашните станари таму..., слегуваш од кајчето и оцекуваш да налеташ на шпалир и да бидеш ТЕПАН ! Капак на се е што на инкриминираното место за шпалирска обработка те пречекува натпис (ПАРОЛА) испишана со црвена масна боја која не учи дека овде "МИ ГРАДИМО ОТОК, ОТОК ГРАДИ НАС и секако во продолжение завршува со ЖИВЕО ДРУГ ТИТО. Еба си му мамата. Зачекоруваш полека но сигурно и се мислиш дека некој ке излета од блиските рушевини и ке те подбере извикувајки СТИГАО СИ БАНДО !!! ТЕБЕ СМО ЧЕКАЛИ. Ужас!... Добро. само да Ве информирам дека посетава беше реализирана во содејство со извесен барба Шиме кој ми бесе домицилен водич и покажувач - презентер на нашите светли традиции. Човекот како мал, често ги гледал труповите кои доагале до копно (читај островот Раб). Некои од труповите најдени од постарите жени на островот кои немале за што да се плашат (нели и онака се со една нога горе), ги прибирале телата и ги закопувале, додека ако гореспоменатите ги пронајдел некој ЏВРКЛО јавувал во милиција, ги земале и ги вракале назад. Затвроскиот комплекс (огромен верувајте) на прв поглед ти дава до знаење дека, овде навистина немало заебанција у Франција. Зидови, осматрачници (кои стојат на врвот од тие исти зидови) потоа зидови кои ве одделуваат од другите зидови кои пак се зидови пред зидовите направени некој да не добие проблесок за бегство. (Морам да напоменам дека зидовите се правени со вредните раце на нашиот човек, револуционер, самоуправувач). Освен комплексот за криминалците (затворот постоел до 90 година) можете да ја видите разрушената зграда на црвените полубогови кои господареле со животот и смртта на островот) зградата на чуварската служба и надлежните (ј)органи. Оттаму се движите по една патека угоре и налетувате на една огомна каптажа за вода (да не бидам&нбсп; здодевен со податокот дека и тоа е правено рачно, камче по камче од нашиот човек револуционер и самоуправувач) од која се снабдувале со дождовница ... вода која најчесто и единствено е употребувана на островот. И додека со мислите сте на Брчко -Бановиќи и размислувате како другарот Сиротановиќ е обична мрзлива баба, во споредба со самопрегорот на жителите на островот и нивната цврста решеност да го изградат островот сто ги гради самите нив, доаѓате до една поголема зграда во која се сместени легендарните самици. Храбро и глупаво, со накострешена коса од самиот нејзин изглед однадвор, влегувам во една од нив. Ем знам дека Шиме ми е пријател, ем знам дека никој нема да ме заклучи, ем......ја затворам вратата од самицата и се наогам во црна темница, поцрна од најцрниот црнец. Во тие моменти немаш чувства.. само ти се чини дека од секаде слушаш теско дишење..гровтање...крик..на сите што пред мене (како турист) наменски биле затворени овде. Одвратно. Другарот Шиме, беше љубезен па ми ги покажа и резиденцијалните објекти на заболекарот и општиот доктор во комплексот. Има една интересна работа , за која Шиме рече дека, кога гореспоменативе играле тенис (на посебен рамен дел за таа намена) многу им бегало тениското топче, па затворениците биле повикани да го решат проблемот. Се разбира тие со своите вредни раце и таму изградиле зид, кој спречува било какво топче бегање од споменатата парцела и нејзината намена. На крај, од кусата прошетка доаѓате на задната страна на затворскиот комплекс и налетувате на еден куп италијански, холандски, германски и белгиски туристи кои со Ожујско во раката го запознаваат (Tito’s cons logger) кој до ден денес сведочи за непоколебливата решеност да се остане на вистинската линија на едно време& кое за среќа е далеку од нас.

Да не се повтори !

Александар Кукулев - Сашко