Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 

focus logo

Фондацијата Фокус ги повикува сите заинтересирани граѓани од Општина Велес да донираат материјал за рециклирање: стари фармерки, волница, копчиња, платна и остатоци од платна како и друг декоративен материјал кој е нов или е чист во зачувана состојба и може да се преработува за употреба во изработка на модни и декоративни дизајни.

Истите ќе се користат во практичната настава во рамките на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ чија главна цел е намалување на невработеноста на младите во општина Велес по завршувањето на средно општо образование преку поттикнување на самовработување и едукација на 48 ученици од средното општо образование во областа на декоративен дизајн и моден дизајн. Со вашата донација учесниците на програмата ќе имаат можност подлабоко и стручно да ги усовршат нивните знаења и вештини што подоцна ќе ги направи покомпетентни на пазарот на трудот.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги остават своите донации во просториите на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС која се наоѓа на улица Трајко Панов бр 22 секој работен ден од 14 до 16 часот во период од 24 Јули до 24 Октомври.

Повеќе информации на телефон 075 422 372.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШИОТ ПРИДОНЕС ВО ИДНИНАТА НА НАШИОТ ПОДМЛАДОК.