Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Idninatatoasumjas1 fin

 

Проектот „Иднината сум и јас” што започна да го реализира Фондацијата „Фокус“, финансиран од страна на Механизам за граѓанска отпорност на ЕУ, има за цел да изврши значително подобрување на полето на промоција и едукација на правата на младите и нивното учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Велес, на сите нивоа. Проектот се реализира преку едукација на 120 млади ученици од четирите средни училишта во Општина Велес со цел да создаде тело кое ќе работи на едукација, иницијација, додавање и мониторинг на правата на младите на сите нивоа во општеството.

Едукацијата се состои од темите: права на младите, нивното значење, реализација и заштита при нивна злоупотреба и цели кон покренување на свеста за можноста за лобирање и застапување на младинските права пред надлежните институции кои донесуваат одлуки од кои младите се засегнати како директно така и индиректно.

Во рамките на проект ќе се одржат две обуки во секое средно училиште, во Велес, со две групи од по 15 ученици.Обуката ќе се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел на обуките ќе се состои од едукација за:

-дефиницијата и значењето на правата на младите;

-начинот на реализација на правата на младите;

-заштитата на правата на младите;

-значењето на поимите застапување и лобирање како механизам за реализација на правата на младите и

- користењето на механизмите за промоција и лобирање на правата и интересите на правата на младите пред надлежните институции кои учествуваат во процесот на донесување на одлуки.

Во практичнот дел учесниците ќе имаат и ќе работат на практичен пример за:

-идеја како можат да ги користат во конкретна ситуација и како да ги заштитат своите права доколку се нарушени;

-каде и како да ги презентираат правата и како да лобираат заеднички потреби или реализација на права во општеството;

-да знаат да адресираат проблем на компетентен авторитет/субјект/институција;

-да изврши евалуација за реализацијата и успешноста на одржаните тренинзи и

-дефиниција на правата на младите.

Проектот „Иднината тоа сум јас“ започна да се реализира на 1 август 2023 година и ќе трае пет месеци.

За повеќе информации поврзани со проектот заинтересираните ученици можат да ги контактираат Маја Чадиева Јенсен и Ивана Јордева на е-мајл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.