Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Покана за учество на обука

Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници која ќе се одржи од 19 до 21 септември, 2008 година во хотел „Гратче„ во Кочани.

Почитуван/а,
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) Ве поканува да земете учество на обуката „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници која ќе се одржи од 19 до 21 септември, 2008 година во хотел „Гратче„ во Кочани.

Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и од ФИООМ. Проектот се имплементира од ФИООМ, во партнерство со НВО „Заеднички вредности“ и 12-те Центри за поддршка на НВО.

Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за концептите за човекови права и механизмите за заштита на немнозинските етнички заедници.

Обуката ги вклучува следните теми: природа на правата и хронологија на човековите права, основните човекови права и меѓународни документи за човекови права за заедниците и нивна примена во РМ, права на припадниците на немнозинските етнички заедници, остварување на правата на припадниците на немнозинските етнички заедници во РМ, институции надлежни за заштита на нивните права.

Обучувачи на обуката ќе бидат г-дин Игор Тасевски и г-ѓа Талија Бабоска.

Сместувањето и превозот за учесниците ќе биде организиран од страна на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС - Велес (поранешен Центар за поддршка на НВО - Велес). Поаѓањето е во 11.30 часот на 19 септември 2008 година (петок) на паркинг пред Основниот суд Велес.Во прилог Ви доставуваме:

  • Дневен ред на обуката
  • Формулар (поплнет треба да го испратите во Центарот за поддршка на НВО – Велес)

За дополнителни информации Ве молиме да ме контактирате на тел: 043 221 583 или е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Со почит,

Димче Велев

Локален координатор